Марија Шерифовиќ и Босанац не се воодушевени од доаѓањето на Цеца во „Ѕвездите на Гранд“ – Се спрема голема хајка против српската мајка

Вчера како гром од ведро небо одекна веста дека Цеца Ражнатовиќ е нов член во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ , a сега членовите на жирито на музичкото шоу се огласија по повод доаѓањето на Цеца на местото на Карлеуша.

Се радувам што Цеца доаѓа во жирито. Таа е мој соработник веќе 20 години и знам дека одлично ќе се вклопи во шоуто какво што е „Ѕвездите на Гранд“. Таква ѕвезда и е потребна на продукцијата и верувам дека и едните и другите ќе профитираат од оваа сезона.  Ако некаде има проблем секако дека може да смета на мојата помош, исто како и останатите членови на жирито. Секогаш сум тука за своите колеги, вели Александар Милиќ – Мили.

Навистина сум изненаден. Останувам со ставот до новата сезона да не давам изјави за медиумите, па ни за вас. Извините, но се гледаме на 18 септември“, изјави Ѓорѓе Давид.

Иако сум дел од продукцијата не се занимавам со вакви одлуки и промени, но мислам дека секој кој има успешна кариера и вредно работи и ја сака оваа работа, заслужува да биде дел од „Ѕвездите на Гранд“. Цеца е уметник кој спаѓа во ова категорија и како таква е добредојдена“, изјави Ѓуришиќ.

Екипата на „Гранд онлајн“ се обидела да гi контактира Драган Стојоковиќ Босанац и Марија Шерифовиќ, но тие не одговарале на повиците.

Инаку, новата сезона започнува на 18 септември, а оваа година аудициите за музичкото шоу беа онлајн.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*