Аца Лукас прозборе за наводната измама и кавга со Ивана Селаков: „И помогнав да направи кариера и еве како ми врати!“

Please follow and like us:

Најновата дуетска песна на Аца Лукас и Ивана Селаков е избришана од „Јутуб“ поради прекин на нивната соработка.

Имено, Ивана го обвини Аца дека материјално и морално ја измамил, а сега продуцентот на пејачот тврди дека Селаков останала должна дури 21 000 евра.

По тој повод, сега се огласи и Лукас.

Бев шокиран кога дознав. Толку многу успешни работи направиме досега. Досега не сакав да коментирам, но беше договорено заедно да ја отпееме дуетската песна. Тоа е моја стара песна, од мојот прв албум. Дојдоа таа и нејзиниот сопруг, големиот менаџер Пеѓа, сопруг од пејачката, кој официјално и ги носи куферите и ми кажаа дека ќе направат аражман за таа песна. Повеќе ништо не договарав со нив. Така беше и со претходните дуети. Јас и бев помош како голема ѕвезда, таа беше мој придружен вокал. Сега зборува дека таа се финансирала, а да ме прашеше јас да учествувам, ќе одбиев бидејќи мене во животот не ми е потребна Ивана Селаков.

Лукас одговори и на обвинувањата дека материјално и морално ја измамил Ивана.

Не знам кој кого измамил, јас само дојдов и ја отпеав таа песна и апсолутно не се договарав ништо.Имам продуцент кој се договараше со нив. Никој не ги измами. Изгледа се побуниле затоа што мојата песна е ставена и на мојот Јутуб канал. Веројатно сакале без пари да имаат дует со Аца Лукас, затоа што освен оние три песни кои ги снимаше со мене и дуетот со покојниот Дарко Радовановиќ не работат ништо друго“, вели пејачот.

Инаку, од „Јутуб“ се избришани сите песни кои Ивана Селаков ги снимаше со Лукас.

Бидејќи со години го користи ликот и делото на Аца Лукас како и неговата популарност за дуети, и ние се тоа го толериравме, сега одлучивме да ги активираме своите права и ги избришавме сите дуети кои ги снимаше со Лукас. И посакуваме многу среќа во работата и не е предмет на наш интерес“, вели Саша Мирковиќ.

Please follow and like us:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*