И оваа година концерт на Ансамбл Билјана

Гости на годинешниот концерт ќе бидат естрадниот уметник Наум Петрески и градскиот мешан хор Vox Lychnidos од Охрид.

Ансамблот Билјана како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување а воедно и унапредување на музичката традиција.

– Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес. Настанот ќе биде во духот на охридската градска песна, а реномираните гости ќе придонесат овој настан да биде во полн сјај, порачуваат организаторите.

Концертот ќе се емитува во живо на ИНТВ Сателиткса музичка телевизија .

Настанот ќе започне во 20:00 часот, а поради ситуацијата со Covid 19 вирусот настанот ќе се одржи со половичен капацитет на просторот. Сите кои сакаат да присуствуваат на концертот, а се над 18 години мора да имаат сертификат за примена барем една доза од вакцината против Covid 19 вирусот. Билетите за настанот треба да се резервираат на телефонот 076/212-680, а ќе можат да се подигнат пред почетокот на концертот. (Крај)

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*