Со дрон сними пар во „љубовен занес“на врв од манстир- не им беше грижа дека се наоѓаат на свето место (ВИДЕО)

Корисник на Јутјуб и љубител на дронови случајно сними сочна сцена со својот дрон, наместо прекрасниот пејзаж на рускиот град Торжок, на околу 200 километри оддалеченост од Москва – на црковната кула во рамките на манастирот Борисоглебски.

Тој сфатл што снимил со  камерата кога се врати дома и ја прегледал снимката.

– Сакав да доловам прекрасен пејзаж, а потоа се вратив дома и открив … – напиша Григориј Злих во коментарот под видеото.

Поглаварот на манастирот, Арсениј, за руските медиуми изјави дека овој чин е достоен за осуда:

– Тоа е навреда за ова светилиште! Како да нема друго место за тоа. Ќе го контактирам владиката за тоа прашање и доколку тој одобри, ќе ги пријавам во полиција – се закани.

Манастирот Борисоглебски е основан во 1038 година, а црквата кула била изградена многу подоцна, во 1804 година. За време на советското владеење, манастирот служел како затвор со високи стража 50 години, а потоа бил претворен во институција за лекување на алкохоличари. Руската православна црква го врати манастирот во сопственост во 1993 година и оттогаш полека го обновува.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*