Славна пејачка има 48 милиони долари, а нејзиниот брат е бездомник и проси на улица (ФОТО)

Богатството на познатата пејачка Шерил Кол се проценува на 48 милиони долари, а нејзиниот брат Ендрју Твиди е бездомник и е принуден да проси на улица.

Ендрју (41) за британските медиуми открил дека не зборува со својата славна сестра, која некогаш му платила 27.000 долари за зависноста од дрога, и дека најверојатно не ни знаела колку му е тешка ситуацијата.

“Молам овде три месеци и ми го скрши срцето. Имам толку голема гордост. Со семејството што го имам, не би требало да бидам тука. Страшно е”, изјавил тој за The Sun

https://www.thesun.ie/tvandshowbiz/7520672/cheryl-homeless-brother-dont-blame-her-rock-bottom/?utm_medium=Social&utm_campaign=irishsunfacebook&utm_source=Facebook#Echobox=1630271163

“Никој од нив не ми се јавува. Иако Шерил не ми помага таа сепак е мое семејство. Веројатно не знае ни дека сум на улица. Воопшто не ја обвинувам, ова е најниското што можев да паднам,” додава.

Ендрју има долга историја на насилно однесување и зависност од алкохол и дрога. Тој моментално живее во шатор во англиски град со пријател што го запознал на улица, и вели дека останал без покрив над главата, откако раскинал со својата девојка на почетокот на оваа година. Има и син од една од претходните врски.

Во 2011 година, тој завршил во затвор шест години за вооружен грабеж, а во 2005 година, исто така, за грабеж, бил осуден на четири години затвор. Учествувал во неговиот прв грабеж во 1996 година кога имал само 13 години, а потоа бил сместен во поправен дом шест години за напад на двајца ученици. Поради престојот во затвор, тој ја пропуштил венчавката на неговата сестра со фудбалерот Ешли Кол во 2006 година.

Шерил никогаш не зборувала јавно за проблемите на нејзиниот брат, но се знае дека му помогнала да се бори со зависноста.

“Шерил сака да ми помогне, но јас премногу не успеав. Знам дека тоа и го крши срцето, но не сум доволно силен да се грижам за себе. Плачам кога мислам дека толку многу ја повредувам сестра ми. И реков дека треба да се срами од мене, но таа ме сака и не сака да се откаже од мене “, рекол тој во интервју во 2008 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*