Трансфер на годината: ПСЖ реши да го продаде Мбапе

Пари Сен Жермен ја разгледува варијантата да го продаде напаѓачот Килијан Мбапе, соопшти RMC Sport. Продажбата е на маса откако Французинот го отфрлил најновиот предлог за продолжување на договорот.

Овој пат тој бил на пет години со опција за уште 12 месеца, и тоа со зголемена плата. Сегашниот договор на Мбапе со ПСЖ е до 30 јуни 2022 г.

Кандидат за 22-годишниот напаѓач е Реал, кој е подготвен да извади 170 милиони евра за него. Мбапе веќе ја искажа желбата да премине во друг клуб и неговата позиција не е променета дури по доаѓањето на Лионел Меси.

Минатата сезона во Лига 1 Мбапе постигна 27 гола и асистираше за седум во 31 меч од првенството. На Евро 2020 напаѓачот учествуваше на 4 средби и не успеа да постигне гол. Во новиата сезона постигна еден гол и асистирапе за два во три натпревари од Лига 1.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*