Роналдо доаѓа во ПСЖ

Ал-Тани, член на катарското кралско семејство во чија сопственост е ПСЖ, објави монтирана фотографија со која навидум најави нов неверојатен трансфер.

Продолжува мистеријата околу наводниот трансфер на Кристијано Роналдо во Пари Сен-Жермен. И покрај негирањата кои доаѓаат од торинскиот клуб, поточно од спортскиот директор Павел Недвед и тренерот Масимилијано Алегри, сепак иднината на Португалецот и натаму е обвиена во мистерија.

ПСЖ летово во тимот ги донесе Лео Меси, Серхио Рамос, Ашраф Хакими, Џиџи Донарума и Џорџињо Вајналдум и направи ѕвезден тим бидејќи во своите ренови веќе ги имаше Нејмар, Килјан Мбапе, Марко Верати, Мауро Икарди и Анхел Ди Мариа. Тим во кој единствено фали Роналдо…

Денеска шокантна објава дојде од катарскиот принц Халифа бин Хамад Ал-Тани, еден од сопствениците на клубот. Објави фотографија на која во дрес на ПСЖ еден покрај друг се претставени Меси и Роналдо. Нормално, се работи за монтажа, но Ал-Тани слично направи и кога го најави трансферот на Меси, нешто кое подоцна навистина се оствари.

„Можеби?“, напиша Ал-Тани покрај сликата на Twitter и тоа на шпански, англиски и француски.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*