Даниел Сидовски и Група Респекти со голем спектакл

Дами и господа, фанови и љубители, ви го претставуваме првиот бенд кој ќе направи свој концертен визуелен спектакл, збогатен со програма која ветува добра смеа и забава. Нај звучните имиња од неколку естрадни жанрови ќе бидат дел од концертот на нашите познати Македонски момци кои сигурно чекорат скалила нагоре во својата замислена кариера. Ова засега ќе биде изгледа нај спектакуларната и нај озборувана домашна забава која ќе се одржи во оваа 2021 година на отворено небо после долгата епидемиолошка пауза. Среда 30 јуни е посебна дата за 8 годишното постоење на незаменливите момци кои оставаат сигурен печат на Македонската сцена. Претпоставувате или не, но тоа се нај озборуваните Даниел Сидовски и група Респекти од Скопје. Нека Повелат од сите градови, сите љубители на добрата нивна музика, со почеток од 19:30 часот во населбата Ново Лисиче во Скопје на досега невидениот концертен спектакл кој ќе се одржи на фудбалското игралиште во големиот парк кај последната автобуска станица 5ка/15ка во Ново Лисиче. Резервации за конопои и пакет алкохолни флаши преку менаџерот на Група Респекти / Филип на бројот 070 360 027 или преку инстаграм во инбокс на страната на Next Event продукција. Богата програма и многу смеење до солзи со стенд ап комедиите на култниот комичар Бојан Велевски, а концертот ќе го води прекрасната позната водителка Лила Филиповска. Атмосферата ќе ја загрее диџеј Бабура Џуниор а за да биде настанот пренесен до сите оние кои не се во Македонија или неможат да присуствуваат лично на концертот, ќе бидеме задолжени ИН Продукција да го снимаме и Емитуваме на сателитски лајв стрим ширум Австралија, Канада, Америка и другите држави директно од главниот град Скопје… Ќе се испеат нивните познати хитови “Те Сакам”, “Лажна Љубов”, “Опасна”, “Журка Лудило”… А ќе имаат богат музички репертоар со забавна и малку народна музика 🙂 Бидете дел и вие од тој засега невиден концертен спектакл!!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*