Се бара оставка на раководството на музичкото здружение “Здружение на Естрадни музичари”

Дел од музичарите прашуваат дали е вистина дека   членовите на управниот одбор на  ова здружение зацкривајки се позади разни продукции подале проекти во 5 тиот пакет во износ од 20 000 до 60 000 евра и чекаат резултати и со таа владата ги има замолчено па последно покрај толку проблеми не излегоа со никакво соопштение ,а дури не го подржаа ни протестот кој го организираа дел од музиччарите.

Покрај многуте коментари ви презентираме еден статус намузичар кој наидде на подршка на музичарите.

Почитувани колеги,
15 месеца сме во заблуда, а исто толку имаме промашена инвестиција од нас самите во оваа моментална состојба.
2021 година ќе помине помалку болна за нас, но слично на 2020.
Секој има и добива шанса за да предводи нешто во животот, но несекој знае да биде предводник и да го реализира даденото.
Друга е желбата, друга е способноста да организираш, да се бориш, да твориш, и да имаш идеи а пред се круг на луѓе кои ќе те почитуваат.
Во ова мое лично обраќање, пред се вака јавно пред вас музичарите кои сте дел од Македонската традиција стара над 2000 години, би сакал да изразам незадоволство преку овој статус, токму заради серијата нереализирани планови, серијата грешки, серијата неинформираности, голем број на превземени заслуги кои не беа лични заслуги, напротив беа градење интерес за позадински планови, и како нај главна алка е несложноста да се биде гласноговорник на музичките протести кои беа во низа, а ни беа и те како потребни за да покажеме сила пред владиниот сектор.
Надополнување на сето ова е недоволната борба и заштита на нас во овој период кога најмногу ни беше потребна мајка на знаењето во доменот на заштита на човекови права, а ние како елитна културна клапа на луѓе сме должи да го имаме тоа на нај високо ниво.
Затоа од народот бевме деградирани, омаловажувани, погрдно пцуени, исвиркувани и непочитувани.
Мојата лична толеранција овде се прелива, а некој мора гласно да побара ОСТАВКА од претседателството заедно со дел од одборот, кои тврдам дека немаат доволно време или пак штитат свој углед и реноме, па затоа нам ни е потребен човек и членство кое ќе се бори за нас, а од друга страна личниот углед ќе го проголтаат во дадени моменти на вакви несакани ситуации.
Јас Даниел Сидовски имам потполно право како член на ЗЕУМ да се изјаснам, но овој пат бирам на ваков начин да побарам ОСТАВКА од претседателот Горјан Стојановски и дел од членовите заради горенаведените работи.
Колегијалност пред се, но семејството и работата на прво место!!!
Со почит,
Даниел Сидовски ®
(естраден уметник и вокал на Група Респекти од Скопје)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*