ЛУЃЕ И НАСТАНИ Куќата на пејачката одземена од страна на банката: Била под хипотека, а таа поим немала за тоа

Родната куќа на легендарната пејачка на народна музика Лепа Лукиќ, која се наоѓа во с. Милочај во близина на Кралево, минатиот петок била продадена на лицитација за 500.000 денари, пренесуваат српските медиуми.

Причината за продажбата е неплаќање на кредитот во износ од 10.000 евра, кој на времето го подигнал нејзиниот внук од брат Раде Јовановиќ. Оваа куќа и имотот пејачката му ги препишала по смртта на нејзиниот брат Рајко, за кого била исклучително врзана.

Ауууу, дали е вистина ова? Па зошто е одземена, што направил? Зошто мене никој не ми јави, лелееее… Знаете што, јас таа куќа му ја препишав на внук ми, но тој ми се нема јавено по овој повод, првпат слушам за лицитацијата! Ќе му се јавам за да проверам за што станува збор. Не сакам да поверувам дека е вистина“, изјави пејачката за српски „Курир“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*