По “Вечна да е Македонија” Игор Андреевски најавува нови песни за родната земја

После одличната “Вечна да е Македонија” ќе следуваат уште нови песни посветени на нашата земја. Игор Андреевски вели дека со снимање на нов материјал продолжува и понатаму и тоа со забрзано темпо без оглед на моменталната ситуација.

Песната “Вечна да е Македонија” од Игор Андреевски изминатиот период откако беше објавена со официјален спот, достигна голем успех. Екипата на естрадниот магазин Естрада плус во неодамнешното интервју го запраша дали ќе следува уште некоја песна која ќе биде посветена на родната Македонија. Еве го неговиот одговор !

-Предвреме ништо не би можел да кажам околу тоа што ќе се случува во иднина. Им ветувам на нашите гледачи дека ќе работам напорно и ќе создавам многу нова музика во иднина, без разлика во вакво време и каква ситуација се наоѓам, но им ветувам дека ќе работам напорно и ќе создавам се повеќе и повеќе македонска музика за тие да уживаат, да се веселат.-вели Игор за Естрада плус.

Инаку, Игор важи за еден од помладите пејачи кои ја негуваат исклучиво македонската народна песна и е доста горд на тоа што е голем амбасадор на македонската музика ширум светот.

-Чувството да се негува македонска песна е одлично, да се сака, негува и да се твори македонска музика. Се надевам дека и сите оние кои ја претставуваат македонската музика дека ќе продолжат со тоа. Јас како што по медиуми ја претставувам македонската музика и како што зборувам, така и на моите настапи настапувам исклучиво со македонска музика. Се надевам на подобри времиња, сакам да им посакам на сите гледачи добро здравје, да слушаат квалитетна музика и се надевам дека ќе замине што поскоро ова зло.-додава Андреевски во интервјуто за ИН ТВ.

Пред само неколку денови во студиото на ИН Продукција Игор сними уште еден видео запис, овојпат за неговата најнова песна со наслов “Илина најмила”. Песната е комплетно дело на Златко Миладиноски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*