ОВА Е СТРАВ ОД ЖЕНА: Бившиот не смее да и писне на Гоца Тржан

Иако неговата поранешна сопруга Гоца Тржан го спомена во едно неодамнешно интервју, Иван Маринковиќ одбива да зборува во медиумите за неа.

– Сè што е напишано се само приказни и озборувања. Вистина е дека не зборувам за медиуми и не ги спомнувам мојата поранешна сопруга или ќерка, не сакам да им наштетам. Претходно, Гоца се бунеше што ја кажувам вистината од нашиот приватен живот. Тоа е единствената причина зошто молчам скоро три години и не се огласувам. И излегува дека дури и сега не чини. Одлучив така затоа што не сакам да им давам материјал на новинарите да го влечат моето семејство и мојата поранешна сопруга низ порталите и списанијата – рече Иван.

Да потсетиме, Гоца во неодамнешното интервју истакна како нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ ја доживува Лена како своја ќерка, како и дека Лена никогаш не прашува за нејзиниот татко.

– Лена не е во контакт со нејзиниот биолошки татко, бидејќи тој е во риалити шоуа веќе три години. Не излегува од тоа риалити. Таа дури и не сака да има комуникација со него – изјави Тржан во нејзината емисија „Мојот совршен брак“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*