По написите дека Драгана Мирковиќ се чувствува лошо, се огласи пејачката

Фолкерката Драгана Мирковиќ откако започна пандемијата со короната ужива заедно со семејството во нејзиниот дом во Виена.

Меѓутоа, терористичкиот напад кој неодамна се случи во овој град ја вознемири пејачката, а таа тогаш откри дека се чувствуваат добро со нејзиното семејство и дека нејзините познаници и пријатели се добри.

Во српските медиуми се појавија вести дека пејачката се чувствува лошо и дека е загрижена за децата.

По тој повод, таа се огласи на својот „Инстаграм“ и откри како се чувствува.

„Драги мои, еве да ве поздравам и да ви одговарам на прашањето кое многу често ми го поставувате во последно време, а тоа е како сум. Малку ми беше чудно за грижата, па истражував и видов дека некои весници пишуваат свашта за моето здравје и се обидуваат да претстават дека се чувствувам многу лошо. Само да ви кажам, со оглед на целата ситуација јас се чувствувам многу добро што значи да не им верувате на насловите“, изјави Драгана.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*