Селект бенд Битола ја претставија “Каролина”

“Каролина” е насловот на првата авторска песна на Селект бенд Битола. Се надеваат дека ќе биде добро прифатена од публиката, а веќе најавија уште една нова песна за периодот кој следи.

Селект Бенд Битола во студиото на ИН Продукција ја промовираа нивната прва авторска песна која носи наслов “Каролина”. Тие во интервју за ИН ТВ велат дека слободното време го искористиле да подготват една добра нумера за која што се надеваат дека ќе биде одлично прифатена од јавноста.

-Станува збор за песната “Каролина” која што е дело на мојот татко, музика, текст и аранжман, па заедно со мојот колега Антонио одлучивме да ја отсвириме.-изјави за Естрада плус, Александар, вокал на Селект бенд.

 

Како што велат за подготовка на песната им биле потребни скоро два месеци додека го пронашле вистинскиот правец на композицијата.

-Сакавме да се сработи добро песната и да биде квалитетна. Како поддршка ни беше и Димитар Лазаревски од Екстра бенд со неговото студио и се беше одлично сработено од негова страна.-вели Антонио Жежовски, кој свири на саксофон.

Тие велат дека од оние што досега ја слушнале песната добиле само позитивни коментари надевајќи се дека ќе прерасне во голем хит. За следниот период најавуваат уште една авторска песна која исто така ќе биде наменска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*