Поради коронавирусот Харис Џиновиќ веќе не сака да пее

Харис Џиновиќ не сака да ризикува на опасноста од корона вирус и два месеци одбива секаков повик да настапува, односно целосно се повлекол од ангажмани.

Тој е со семејството, а неговата жена Мелина открива што се случува и зошто Џиновиќ престанал да пее.

– Искрено да ви кажам, кај нас ништо не се случува. Хари не работи, нема повеќе да пее. Страшно е уплашен поради корона и да не се зарази не излегува од дома, не мрда никаде. Сега сме фокусирани во изградбата на новата куќа. Тука има илјада детали и ситници, сега имаме доволно време се да средиме по наша желба. Толку многу не прозиваат за таа куќа и постојано ја сликаат, но ќе ја завршиме кога ние ќе сакаме. – рекла Мелина и се осврнала на својата работа врзана за линија на ексклузивни фустани:

– Моите фустани се продаваат секаде во светот во 64 бутици, но сега е хаос секаде. Нема свечености, раскошни веселби, гала вечери… Се застана. Не се жалам, знам дека модата ќе се врати во живот, но којзнае кога. Требаше да се одржи Недела на мода онлајн, но тоа не успеа, не е тоа тоа.-додава сопругата на Харис.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*