Сашо Костовски-Премиум бенд : Со проектот сакаме да покажеме како ја свириме Македонската песна

Одличен музички проект промовираа Премиум бенд пред само краток период. Тие велат дека со овој проект сакаат да покажат како умеат да ја свират македонската песна.

Премиум бенд пред извесно време во студиото на ИН Продукција претставија дел од нивниот најнов музички проект. Истиот се состои од прекрасни македонски народни песни кои како што велат, се најбарани од нивната публика.

Музичкиот проект има ориентален и деветка сплет, а очекувањата се навистина големи.

-Проектот решивме да го направиме по ист принцип како и сите музичари. Обработивме два сплетови со македонски песни кои се доста слушани и барани, а воедно имаме уште три снимени сплетови кои што во следна прилика ќе ги пуштиме за да ги видат гледачите. Со тоа што сакавме тука во ИН Продукција да се претставиме со македонски сплетови бидејќи и за нашето поднебје, но и за надвор од земјава кај нашите драги македонци да претставиме како ја свириме македонската музика.

Со овие песни сакаме да го зачуваме тоа македонско свирење бидејќи навистина поседуваме добар квалитет за таков вид на музика.-вели Сашо Костовски, во интервју за ИН ТВ.

Премиум бенд се состои од шест искусни музичари, Сашо Костовски-тапани, Јовица Роко-клавијатури, Горан Станкоски-хармоника, Ристе Кацијовски-вокален солист, Виктор Китановски-дувачки инструменти и Александар Костовски на ударни интрументи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*