Дејан Матиќ се криел во подрум за време на терористичкиот напад во Виена: Беше општ хаос!

Познатиот српски пејач Дејан Матиќ кој веќе неколку години живее во Виена, за време на терористичкиот напад што се случи  пред неколку дена се криел во подрумот на еден ресторан. 

Неразмислувајќи дека во главниот град на Австрија ќе се случува хаос на улиците, тој со сопругата и нивни пријатели излегле на вечера.

– Бевме кај пријателите во ресторан и штом слушнавме што се случува се симнавме во подрум и тука чекавме да помине нападот – рекол Дејан Матиќ за српски „Информер“ и додал:

– Нападот почна во 20 часот, а ние еден час подоцна дознавме што се случува. Тогаш веќе се слушаа сирените, беше општ хаос. На социјалните мрежи се ширеше паника и тогаш еден наш пријател нѐ одведе во подрумот на ресторанот. Почувствував

како да сме во некое засолниште, како да започнува војна. Некои прилично се исплашија, а јас бев прилично смирен – навел тој.

Дејан исто така открил кога бил најдраматичниот момент на вечерта.

– Слушнавме дека напаѓачите се наоѓаат баш во делот од градот каде што бевме и ние. Тогаш еден човек бегајќи од терористите, влезе во ресторанот. Беше блед како крпа, исплашен и нем.  Ништо не можеше да изусти. Тој се нашол на лице место, видел што се случува и побегнал кај нас – изјавил Дејан.

– Штом стана безбедно јас и сопругата седнавме во такси и заминавме дома. Децата ни беа со жената која ги чува. За време на нападот ѝ се јавив за да ѝ кажам да не крева паника. Таа воопшто не знаеше што се случува, а децата спиеја – раскажал пејачот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*