Голема загуба од корона кризата претрпеа Милован Секулоски и Позитив бенд

Поради пандемијата од коронавирусот која сеуште владее низ светот, Македонските музичари претрпеа голема загуба.

Нивните ангажмани се откажани бидејќи така налага законот со кој се забрануваат прослави и јавни собири во нашата земја, поради зголемување на бројот на заболени лица од Ковид 19 кој во последниот период надминува и 1000.

Во студиото на ИН Продукција пред извесно време ни гостуваше Милован Секулоски кој во интервјуто за ИН ТВ меѓудругото проговори и за корона кризата.

-Имав доста закажани настапи, ние од месец март навака имавме доста ангажмани со Позитив бенд, за жал испадна така како што испадна, презакажуваа датуми за септември, октомври, но сепак и тие втори датуми се презакажани, така да ништо не се знае. Догодина ако се спаси малку работата и ако се нормализира ситуацијата мислам дека би била убава година, оваа 2020-та да ја заборавиме што поскоро.-вели Секуловски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Иако моменталната состојба во нашата земја е тешка и кога веќе не можат да настапуваат, нашите пејачи периодов посветуваат повеќе време на творење нови песни.

Милован Секулоски во студиото на ИН продукција ја претстави неговата најнова песна која е посветена на познатото Охридско Велестово, но и уште една нова песна “Животот е еден” со која што настапи на овогодинешното издание на Охрид Фест-Охридски Трубадури.

Пред започнувањето на корона кризата, Милован си оформи и негов бенд. Станува збор за Позитив бенд кој се состои од неколку искусни музичари од Охридско-Струшкиот регион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*