Благица Павловска : Периодот на изолација го искористив за домашните обврски

Периодот на изолација поради ситуацијата со вирусот Ковид-19, познатата пејачка Благица Павлоска во помина во својот дом. Убаво се одмори и заврши бројни обврски по дома, но секако дека не ја запостави и музиката. Благица промовираше две нови песна, едната на Охрид Фест, а другата на Тумба Фест во Куманово.

Легендарната фолк пејачка Благица Павловска во неодамнешно интервју за ИН ТВ раскажува како за неа поминал периодот на изолација поради коронавирусот. Таа вели дека и одговарало да биде дома, бидејќи си завршила бројни домашни обврски.

-Секако морам да дојдам да ве посетам во ИН ТВ во Охрид. Слабо доаѓав ова лето во Охрид и затоа не ме видовте и ме немаше во Охрид. Имав дома во Скопје повеќе некои обврски, нешто реновирав со оглед на ситуацијата дека бевме приморани да сме повеќе дома. Мене ми одговараше да бидам затоа што си завршив многу нешта што сакав околу куќата.-истакна Павловска за гледачите на ИН ТВ.

Откако се одмори, Благица одлучи да настапи и на неколку фестивали. Изборот на Летен фолк хит каде што отпеа дуетска песна со нејзиниот колега Влатко Алексовски, а потоа следеше нејзиното учество на Охрид Фест-Охридски Трубадури, како и Кумановскиот фестивал на шегобијна песна Тумба Фест.

За периодот кој следи најавува промоција на уште неколку убави македонски песни.

-Јас се чувствувам одлично и спремна сум за понатаму. Се чувствувам како да почнувам повторно од почеток нешто и мислам дека ќе има успех. Иако знам некогаш да паузирам, да се повлечам и слично, меѓутоа не спијам секако имам многу песни што треба да ги работам. Веќе на Охридски Трубадури настапив со нова песна од нови автори, песна за која мислам дека ќе има голем прием кај слушателите и гледачите, но тоа лека полека, а верувам дека и оваа песна од “Тумба Фест” ќе биде привлечна оние кои што ја обожаваат Благица Павловска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*