Годините не и можат ништо : Сузана Гавазова блесна за 40-тиот роденден

Вчерашниот ден го одбележа прославата за 40-тиот роденден на една од најпознатите фолк пејачки, Сузана Гавазова. Таа во кругот на семејството, пријателите и блиските колеги и музички соработници го одбележа овој јубилеј, а на нејзината адреса пристигнаа уште многу роденденски честитки.

Најголемата македонска фолк ѕвезда Сузана Гавазова со гламурозна прослава во друштво на нејзините блиски пријатели и семејството го прослави 40-тиот роденден. Деновиве на нејзината домашна адреса пристигнаа и бројни роденденски честитки како од земјава, така и од нејзини соработници надвор од Македонија.

Славеничката во блескава креација, како права домаќинка пристигна прва за да ги пречека нејзините драги гости, заедно со нејзината најголема поддршка, сопругот и двете ќеркички. Таа ексклузивно ни откри што од срце си посакува и која е нејзината желба за 40-тиот роденден.

-Се знае која е мојата желба, што друго би си замислила ако не здравје. Пред се, посакувам здравје, да ми се здрави и живи децата, а во 2020-та година да имам повеќе хитови. Она што ме одржува сите овие години е тоа што сум сакана од сопругот, од фамилијата, од моите обожаватели. Тоа ме одржува во форма и ме прави да бидам секогаш млада.-истакна Гавазова, во ексклузивното интервју за ИН ТВ.

Атмосферата во ресторанот Шалом во Струмица беше навистина одлична, а забавата не можеше да помине и без колегите на Сузана, кои ја удостоија и со по некоја песна.

Благоја Грујовски, Стојне Николова, Бобан Мојсовски, Сани, дел момците од Балкан бенд и Дрим Тим и уште многу други. Дел од нив пред камерата на ИН ТВ открија што и посакале на нашата фолк дива.

-Јас и посакувам да  биде жива и здрава, да и растат ќеркичките и да биде се во најдобар ред. Да биде успешна како и досега. Инаку, ние заедно растевме, можам да кажам дека сме тука генерациски и имаме многу соработки заедно. Сузана е прекрасна личност пред се, многу здравје, среќа и се најдобро за неа.- изјави нејзиниот колега и долгогодишен пријател, Санде Митев, член на Алегро бенд.

-Сузе многу си ја сакаме, многу си ја почитуваме, многу долго време се познаваме и отсекогаш сме имале добра соработка. Еве ќе и посакам уште многу многу поголем успех во кариерата, иако досега си е една од најуспешните, најуспешна за мене на нашите простори. Така да, уште многу успеси, уште многу хитови и секако да ни е жива и здрава и уште многу години да ни пее.-вели Александар Тасевски, вокал на Балкан бенд.

-Јас имам многу желби да и посакам, не би ги кажал сите од прва до последна, но најмногу и посакувам среќа, здравје, да биде успешна каква што си е и досега, само напред да продолжи како што се движи затоа што мислам дека си го знае одлично нејзиниот правец. Не само во музиката, туку и во животот. Битно тоа што и го посакувам и го посакувам од срце.-изјави Златко Анчевски, за естрадниот магазин Естрада плус.

-Многу ми е драго што сме дел од ова јубилејна роденденска прослава на нашата драга колешка Сузе. Искрено посакувам да не викне повторно и да не собере вака да се дружиме и за нејзиниот 80-ти роденден.-вели Дејан Чуле од Дрим Тим, кој истотака беше дел од големата роденденска забава.

Сузана Гавазова до раните утрински часови уживаше и се забавуваше со своите најблиски во одличната атмосфера и убавите песни, а нам ни преостанува да се приклучиме на честитките и да и посакаме СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*