“Роден си за грев” со две верзии за македонски и српски пазар

Мега популарната фолк дива Сузана Гавазова деновиве снимаше два видео записи во соседна Бугарија. Поконкретно станува збор за една песна адаптирана на македонски и на српски јазик која ќе биде пласирана на двата музички пазари. Насловот на песната е “Роден си за грев” каде музиката е на Саша Диниќ. Текстот на српската верзија е од Ана Диниќ, додека па на македонската верзија текстот е од познатиот текстописец Орце Зафировски. Како режисер на спотовите се јавува Николај Скерлев.

Пред само нецел месец Сузана го промовираше нејзиниот втор спот за песната “Намазана” а ова е веќе трет спот со кој повторно ќе се појави на српскиот музички пазар. Таа како што најави е во реализација на нејзиниот балкански албум со кој ќе допре пред поширокиот музички аудиториум од овој дел.

Првиот нејзин спот кој беше пласиран на српскиот пазар беше спотот за песната “Хало”. Новиот спот за овој пазар Сузана го снимаше во соседна Бугарија во Созопол на замокот Равадиново , а во спотот се појавуваат и статисти.

За брзо време ќе бидат промовирани двете верзии од новиот спот, едната наменета за српскиот пазар додека пак другата за македонсиот

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*