“Универзал бенд” со постојани настапи во Швајцарија

Момците од “Универзал бенд” се постојани во својата работа. Тие неодамна снимија и нов видео музички проект во кој пласираа две нови авторски песни, две познати македонски и две српски. Тие се презадоволни од сработеното и крајната оценка очекуваат да ја даде публиката. Нивниот репертоар со настапи е шаренолик низ нашата земја а надво од неа константно се застапени во Швајцарија.

-Надворешните настапи постојано е Швајцарија, местото каде настапуваме. Повеќе одиме во зимниот период истакнува Алмир, вокалот на групата.

Минатата година “Универзал бенд” снимија два видео записи во соработка со ИН продукција за песната “Љубов или навика”и за инструменталката “Закон чочек”. Тие изрзуваат огромно задоволство од целата реализација.

-Па и по свадбите ни ги бараат многу овие песни, реално. Прифатени се и орото и песната, велат од “Универзал бенд”.

Тие не ја исклучуваат размислата за создавање и на нов албум со оглед на тоа што полека но сигурно веќе се собира доволно материјал за него.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*