Џелјо презадоволен од првата австралиска турнеја

При гостувањето на “Универзал бенд” во ИН продукција , ги придружуваше и Џелјо  Дестаноски мајстор за дувачки инструменти. Покрај “Универзал бенд” тој соработува и со други бројни музички имиња од естрадата.

-Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите колеги што ја имаат довербата во мене затоа што не сум единствен, има многу колеги што свират на истите инструменти. Сакам да им се заблагодарам што секогаш ме бараат и имаме голема соработка, исто така и на универзал бенд да им се заблагодарам што ме побараа за да соработуваме, свирам ковер на нивна песна. Мене ми е мило и драго што имам голема соработка со повеќето колеги во македонија и пошироко, истакнува Џелјо.

Џељо оваа година ја отпочна со голема австралиска турнеа заедно со Анета и група Mолика. Тоа беше негова прва турнеа во Aвстралија. Tој изјави дека таа турнеjа поминала извонредно и без никакви проблеми.

-Пред се голема благодарност до група молика и Анета Мицеска, исто така и голем поздрав до менаџерот од Мелбурн Влатко Јовески, благодарение на него за прв пат јас отидов во Австралија, за мене тоа е нешто најубаво. Преубава земја и преубав народ, бев прифатен од страна на сите што ме познаваат и што не ме познаваат. За тој месец и пол во таа турнеа се осетив како да сум дел од групата долго време. Немаше никакви проблеми додека траеше целата турнеја, истакнува Џелјо.

Со оглед на тоа што ги свири традиционалните македонски инструменти како зурла, гајда и кавал тој е добро прифатен од страна на македонците во австралија заедно со неговите инструменти што ги свири.

-Прекрасно реагираат на тие инструменти што ги свирам, многу сум задоволен затоа што тие инструменти што ги свирам јас ги сакаат не само во австралија туку секаде каде што има наши македонци, додава Џелјо.

Во слободното време што го имаше во време траењето на турнеата тој го искористи да ја прошета Австралија, покрај Мелбурн тој ги посети Сдинеј, камбера и други градови низ австралија тој изјави дека преубаво си поминал шетајки и запознал многу пријатели во тоа време што го поминал шетајки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*