“Универзал бенд” со две нови авторски песни и видео проект

Момците од “Универзал бенд”деновиве во соработка со ИН продукција сработија нов видео музички проект во кој промовираат две нови песни како и дел кавер македонски песни. Вообичаено како и досега двете нови песни се авторски од членовите на бендот, кои и претходните нивни песни им беа лично авторски. Очекуваат да бидат прифатени од страна на публиката и секако да бидат слушани.

-Имаме еден мал мини проект со две наши авторски песни, исто така два кавери македонски песни и два кавери српски песни, истакнува Алмир од “Универзал бенд”.

Двете нови песни од “Универзал бенд” се насловени “Ајде, машала” и “Најубава девојка”, кои се во брз и весел ритам.

Во рамките на заедничкиот проект на “Универзал бенд” како специјален гостин се појавува и познатиот свирач на зурла и кавал во нашата земја Џелјо Дестаноски, кој допринесува посебен призвук во целокупниот видео материјал. Она што следно го најавуваат момците од “Универзал бенд” е уште нови песни и секако формирање на нов албум.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*