Дамјан планира нови песни но не планира фестивал оваа година

Дамјан Стојаноски веќе ги привршува последните подготовки за престојната голема австралиска турнеја, а на ситно се одбројуваат и деновте за неговото поаѓање. На турнејата Дамјан ќе биде во придружба на своите колеги и роднини Влатко и Златко Миладиноски. Со оглед на големите работни ангажмани кои му се предвидени за оваа година Дамјан неможе да предвиди на кој фестивал ќе има можност да настапи.

-Засега немам во план за престојните фестивали да излегувам, ќе извадам нови песни но не фестивалск, истакнува Дамјан.

Помеѓу другото Дамјан најавува и дует песна со Спасен Силјаноски за што најави да остане како мала тајна песната која е во подготовки. Но , повеќе детали за песната ни откри Спасен при гостувањето во ИН продукција кој истакна дека сосема случајно се родила таа идеја за заедничка песна со Дамјан.

-Ние се веќе во фаза на преработки на музиката и аранжманот. За неколку дена треба да се снимаат уште вокалите, се надвеам дека за брзо време ќе биде готова и ќе ја промовираме повторно тука, новата верзија на таа песна. Седевме дома ја пеевме таа песна. Јас свирев на хармоника и пеевме заедно со Дамјан. Еден наш другар не снимаше и ја ставил на Јутјуб. Имаше многу коментари голема гледаност, па во коментатрите имаше многу дека бараат песната да ја снимиме на носач на звук. Така одлучивме да ја снимиме таа песна. Поприлично сум сигурен дека финалниот производ ќе биде доста интересен, повторно за оние кои што се стремат и го сакаат тој стил и тој вкус, вели Спасен.

И двајцата фолкери во периодов кој следува имаат бројни планирани настапи надвор од нашата земја.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*