25 години ја негуваат македонската народна песна

Годинава го пдбележуваат својот голем јубилеј од 25 години активно творење на македонската музичка сцена. Штипскиот бенд “Бумбари” од своите почетоци ја негуваат народната песна, па аналогно на тоа нивниот музички опус е богат со преубави народни звуци.

-Народната песна ни е во душата. Тоа е нашето македонското, го негуваме и тоа е нашата лична карта. Негуваме и повеќе правци на музика во зависност од самите врсти, но пред се фолк музика, истакнува Тони.

Својот јубилеј “Бумбари бенд” го одбележаа со видео проект во кој опфатени се неколку познати музички имиња, како нивни блиски соработници, Ферус Мустафов, Марјан Коцев и Дамјан Стојаноски. Во проектот помеѓу другото се јавуваат и како што велат подмладокот на бендот, новата генерација од основачите на бендот.

-Тие се подмладокот на “Бумбари бенд”, тоа се мојот син Петре Наумов и ќерката на Лазе, Елена Наумова, додава Тони.

Видео проектот “Бумбари бенд ” го сработија заедно со ИН продукција каде набрзо ќе биде и неговата промоција на сателитските канали.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*