“Еднаш се љубело” нова песна од оркестар “Фаворити”

Оркестарот “Фаворити” од Битола деновиве ја промовираа својата нова песна која носи наслов “Еднаш се љубело”. Станува збор за нова австорска песна која “Фаворити” досега ја немаат промовирано и е песна со весел ритам.

-Тоа е наша најнова песна, сега скоро излезена. Се надевам дека ќе се допадне песната. Љубовна песна е. “Еднаш се љубело” се вика песната. Мислам дека ќе се пронајдат доста во неа. Песната е во четири четвртини ритам, нешто како побрзо и повесело. Помодерен стил мешано со етно, истакнува Јове, вокл на бендот.

Во периодов кој следува “Фаворити” најавуваат снимање и на други нови песни.

-Напорно работиме. Сакаме нешто да биде што не е снимано, што го немаат другите групи. Да направиме нешто интересно. Имавме проект пред некое време. Сакаме да снимаме и спот, кој би бил поразличен. Сигурно дека ќе има нови песни се работи на тоа, додава Јове.

За многу брзо оркестар “Фаворити ” најавуваат снимање на нов спот за нивната авторска песна која е насловена “Малечка”.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*