Бројни работни патувања надвор од нашата земја за Спасен Силјаноски

При неодамнешното гостување во ИН продукција, фолкерот Спасен Сијланоски веќе најави бројни гостувања како и патувања на турнеи надвор од нашата земја. Она што во најбз период го очекува Спасен е настап во Италија за Велигденските празници.

-Имам уште неколку свадби за реализирање, додека не дојдат Велигденските пости. Потоа за Велигден, настапувам во Удине во Италија. Во мај имам настап во Турција, па  потоа имам настап во Германија, веќе потоа летото ќе бидам тука, ангажиран околу свадбите. На есен имам преговори но не е сеуште дефинитивно за Америка, а за Нова година веќе 90 отсто е договорено треба повторно да одам во Америка, истакнува Спасен.

Како што истакнува Спасен, во меѓувреме веќе снима некои нови песни и работи на ново ЦД, односно има неколку песни кои во периодов кој следува ќе ги обработи и пласира пред својата публика.

Спасен исто така најавува и пеработка на стара македонска песна која претходно била изведена од страна на познатите “Демирхисарски бисери”, а за скоро песната ќе се најде и на неговиот репертоар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*