“Ројал бенд” снимија нов видео проект во живо

Деновиве битолскиот “Ројал бенд” во соработка со ИН продукција снимија нов видео проект во живо. Проектот се состои од единаесет препеани одбрани песни со свадбарски призвук, добро познати пред публиката кои бендот ги пее во живо.

-Бендот опстојува околу осум години, меѓутоа со неколку промени кои беа направени пред околу една година. Роберт Волчевски-вокал, Александар Смилески-тапани, Илче-бас клавијатура, Тони исто така клавијатура и моментално соработуваме со Ице Атанасовски, истакнува Тони, член на бендот.

Околу тоа како паднал изборот за како кавер верзии да бидат отпеани овие песни, Тони додава  дека тие песни се едни од најбараните на повеќето нивни семејни и свадбени настапи кои ги бележат во местата каде што се барани.

-Тоа се свадбарски и наши македонски песни, од кои две така во поново време. Се одлучивме за овие песни затоа што пред се сакам да  ја зачуваме нашата песна. Имавме многу двоумења околу тоа кои песни да ги одбериме па ете се решивме на овие песни, заедно во соработка со Ице, па ќе видиме како ќе испадне, истакнува Тони.

“Ројал бенд” претежно се доста барани во битолскиот крај од каде што и потекнуваат, на бројни свечености како свадби, крштевки и слично.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*