Ангел- Како млад пејач ќе правам нови песни по кои ќе станам препознатлив

Повеќето стари македонски подзаборавени песни, беа барани од македонците во Америка, вели младиот Ангел Стојкоски кој годинава ја имаше својата прва турнеја во оваа далечна земја. Тој открива дека македонците покрај новите македонски песни кои ги знаеле, ги барале и малку поздаборавените стари песни. Сепак додава дека засега нема да прави преработки од старите песни, туку ќе пласира свои нови песни.

-Мислам дека сега не, затоа што мислам дека како млад пејач морам да поработам на нови песни, по кои ќе станам препознатлив, па потоа ќе видиме за преработките, вели Ангел.

Со оглед на тоа што и Ангел доаѓа од струшкиот крај од каде има бројни и препознатливи музички имиња, Ангел не го крие фактот дека има добра и плодна соработка со сите музичари од овој дел.

-Секако , да. Во добар конаткт сум со препознатливите “Стил бенд” кој снимаа со вас, морам да им се заблагодарам за нивната соработка со мене. Секако и со Спасе Матлијоски соработувам многу добро како вистински пријатели. Му се заблагодарувам за се, вели Ангел.

Минатата година Ангел сними два видео записи во соработка со ИН продукција, од кои едниот беше за добро познатата македонска песна , препев од легендарната Васка Илиева, “Абер ми дојде од Солуна града”, како и авторската песна од Ангел, “Како да те преболам”. За многу краток период Ангел најавува и нова песна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*