По “Модерна фантазија” Дејан најавува свадбарски призвук

Минатата година ја заокружи со снимањето на својот прв видео запис за неговата инструменталка”Модерна фантазија”, саксафонистот Дејан Грујевски веќе во периодов најавува и нови музички дела.

-Следно ќе се работи на уште две дела. На тие две дела ќе се посветиме малку на свадбарскиот призвук , на една свадбарска фантазија. Да посветиме малку внимание и на веселбите на нешто што може да се отсвири на самите свадби, да можат и колеги да го практикуваат, би било убаво тоа. Навистина ќе имаме прилика и сакам да ги споделиме со ИН тв двата нови записи, истакнува Дејан.

Притоа како што додава, ова е само еден почеток на неговото музичко остварување на македонската естрада. Секако, најголемата критика Дејан очекува да ја даде публиката, како негов верен слушател и фан. Најавува многу спотови, проекти и видео записи.

Инаку, Дејан е голем вљубеник во музиката за која вели дека таа е негова најголема љубов и покрај тоа што е дипломиран политиколог.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*