Престојува период на европски турнеи вели Марјан Коцев

Please follow and like us:

 

По успешната автралиска турнеја која ја имаше на почетокот на оваа година познатиот Марјан Коцев, истакнува дека веќе завршува со повторна австралиска турнеја за брзо време, но не и за понатака низ периодот кој доаѓа. Мисијата е успешна и сега се договорени кратки турнеи низ Европа, истакнува Марјан.

-Осми март настапувам во Словенија, потоа се преговара дали повторно Словенија или Австрија, сеуште не е дефиниран датумот. На 16-ти март сум во Швајцарија, таму заедно ќе бидеме со “Молика” на една голема забава, концерт. Тој клуб слави триесет години а јас 25. Заедно со “Молика” ќе биде една убава , голема забава. Во меѓувреме, еден викенд пред Велигден за Цветници се договара за еден голем концерт во Швајцарија, па повторно тука е Австрија, Шведска. Секаде каде што можам , спомав и прекуокеански и тие се на мапата Америка, Канада. Нешто преговараме за новогодишните празници за Америка, Чикаго и околу него, истакнува Марјан.

Со оглед на преполната музичка агенда на Марјан за цела 2019 година тој посебно своето внимание го насочува кон европските турнеи и секако неговиот голем јубилеј од 25 години на македонската музичка сцена.

Please follow and like us:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*