Преголема подршка секогаш добивав од мојот кум Благојче Стојаноски Туше

Кога започнав да пејам наидував на секакви ситуации вели фолкерот Ташко Каранфиловски но како голема подршка во сите тие моменти го истакнува неговиот сограѓанин Благојче Стојаноски Туше. Ташко со најпофални зборови говори за Благојче со кој од неодамна се и веќе во блиско кумство, а по повод престојната свадба на Ташко и неговата избраничка Мартина. За тоа како дошло до идеја токму Багојче да биде кум на свадбената церемонија, ни објаснува Ташко.

-Туше беше еден и единствен кој постојано ме советуваше дека морам да пловам и мора да има и падови. Во секоја работа како и во оваа мора да има и падови, но ми викаше терај понатаму, јас стојам зад тебе. Тој беше причината што со ваквата продукција почнав да работам. Премногу му благодарам, немав како да му возвратам на друг начин па затоа си го ставив крс на мојата фамилија, на мојата куќа, истакнува Ташко.

Притоа Ташко не ја исклучува можноста за заедничка песна со својот кум, со оглед на тоа што се работи за исклучително врвни, докажани пејачи.

-Секако , има паднато муабет на таа тема. Јас го сакам и почитувам премногу мојот кум , кој навистина имам кажано во неколку прилики кажано за денес јас тоа што сум, вели Ташко.

Во периодов кој следува помеѓу бројните работни нагажмани Ташко се подговтува и за својата свадба која е закажана за месец мај.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*