Читањето книга е најдобар одмор според Анета

Please follow and like us:

Покрај бројните работни ангажмани кои ги има постојано Анета Наковска во добра мерка знае да се одмори и добро да ги наполни батериите. За тоа како успева да одвои ден за себе , за да може да се опушти и релаксира ни објаснува самата таа, а во преден план го става доволното спиење кое е најпотребно за секоја индивидуа.

-Спанка сум. Морам да поспијам до 9,30 или 10 часот, за да бидам свежа, да се чувствувам убаво за обврските во текот на денот. За мене најубав одмор е читање книга или пак ќе погледам некоја добра комедија. Многу сакам да гледам комедии или филмови што ме засмејуваат, бидејќи смејата е нешто што ни носи ведрина, духот ни го подмладува и телото. Тука се лачат прекрасни хормонни кога се смее човек. Затоа се трудам секогаш во себе да негувам исклучиво убави чувства. Ништо негативно да не чувам во себе. Кон никого ниту трошка омраза, завист, бес , лоша емоција. Тие лоши емоции нас не разболуваат и душата и телото ни ги разболуваат, а убавите емоции , љубовта кон се живо, благодарноста за се што имаме , значи една благодарност кон Бога човек треба постојано да има за се што добиваме секојдневно. Тогаш верувајте дека и телото се подмладува, истанува Анета.

Анета впрочем секогаш е позитивна и ведра. Најавува и за оваа година бројни снимања на нови песни и видео записи.

 

Please follow and like us:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*