Старите народни песни многу повеќе продираа до срцата на македонците во Америка, истакнува младиот Ангел Стојкоски

Помина преубава турнеја во далечната Америка. Младиот Ангел Стојкоски долго ќе ја памети оваа турнеја бидејќи беше со едни од позвучните музички имиња од македонската естрада, Елена Велевска, Митко Бежаноски и Илија Тотовски Тота. Нивната турнеја беше организирана од тамошниот менаџер Стојче Стојкоски кој успеа на едно место да ја донесе најдобрата екипа и да направат незаборавен помин со нашите македонци во оваа далечна земја.

-Морам да му се заблагодарам на менаџерот Стојче Стојкоски. Тој ја прави екипата како и секогаш, па ете јас се најдов некако меѓу нив. Тоа ми претставува огромна чест и задоволство што одев со таква екипа и сакам искрено да им се заблагодарам за цела дружба, работа и цел период поминат заедно со нив,истакнува Ангел.

Како што нагласува Ангел, тој одлично се вклопил во тимот, со оглед на тоа што Митко и Илија се големи музички виртуози, а Елена е исклучителен вокал со бројни хитови зад себе.

-Чувствував голема сигурност поради тие врвни музичари. Знаете, дружбата е на прво место а потоа работата ќе си тече како што е по план, додава Ангел.

Ангел е со најпозитивни впечатоци од целата турнеја, како во поглед на бројните настапи кои ги имаа во повеќето американски градови, така и од приемот на публиката. Публиката беше воодушевена од нас , концертите полни , со оглед на тоа што на крајот не фатија големи невремиња, но сето  тоа не претставуваше пречка луѓето да присуствуваат на нашите концерти, вели Ангел додавајќи дека задоволството на публиката се познавало на нивните лица како и тоа дека оставиле најпозитивен впечаток. Нивниот репертоар бил шаренолик со македонски песни кои биле барана и од страна на публиката.

-Неможам да ги издвојам песните, но дури и старите македонски песни кои се од нас заборавени тие ги оживуваат таму , не ги забораваат и тие се барани доста, па и новиот репертоар веќе навлегува по малку таму, но можам да кажам дека повеќе старите народни песни влијаат во нивните срца, додава Ангел.

Според она што ние како сведоци од објавите на социјалните мрежи можеме да кажеме слободно дека Ангел овојпат беше вистинско пријатно  изненадување пред македонците во оваа далечна земја, на кого ретко некој да остана рамнодушен на неговиот глас и пеење.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*