Рекордна гледаност на “Македонска селска гајда” од Петар Ангелевски

Постана доста препознатлив по неговиот видео запис кој го изработи заедно со ИН продукција за неговото инструментално дело “Македонска селска гајда”. Младиот Петар Ангелевски во последнивве две години бележи нагорна музичка кариера. Особено ако се има во предвид фактот што неговиот видео запис за “Македонска селска гајда” има преку 100 илјади прегледи.

Помеѓу другото при неговото гостување во ИН продукција, Петар истакна дека многу повеќе е баран и на сите свадбени свечености како изненадување на свадбата со неговата гајда.

Како што додава посебно е чувството кога се свири гајда на свадбената свеченост, бидејќи речиси сите стануваат да играат а тој влегува токму во оној момент кога е свадбената кулминација на максимално ниво.

Петар најавува и ново музичко парче кое исто така ќе биде отсвирено на неговиот омилен инструмент гајдата.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*