“Македонска разгледница” албум со песна за секој град во Македонија од Марјан Коцев

Полека  но сигурно фолкерот Марјан Коцев го подготвува својот нов албум. Како што истакнува веќе се снимени нови шест песни па остануваат уште неколку за да биде финиширана целата рамка на албумот.

-Снимавме шест песни и треба уште 6-7 песни. Тоа е еден албум кој што го крстивме заеднички “Македонска разгледница ” , по една песна од секој град. Мислам дека еден албум нема да ни стигне така да ќе бидат најверојатно два, но да одиме по ред. Веќе кажав значи снимана е песна за Ресен, за Битола, за Штип, за моето Кавадарци, песна за Охрид. Снимани се пет-шест песни, треба да снимаме околу 12,13 песни, ќе видиме како можеме. Сакаме да направиме една промоција , истакнува Марјан.

Но, сепак Марјан не застанува тука, тој во меѓувреме снима и друг проект со своите колеги.

-Снимам еден мини проект со колеги мои од Кавадарци, “Галакси бенд” на чело со Милан Кацарски. Со нив почнавме да снимаме и работиме еден проект. Веќе два песни одат на ИН тв, ќе треба да снимиме уште три и едно оро. Паралелно со тоа спремам и мој лично албум, со новокомпонирани песни и на тоа се работи. Покрај овој мој јубилеј што интензивно се работи на договарање концерти , паралелно со тоа ќе има многу и за снимање така да ако не добијам развод за оваа година, ќе преживеам, низ смеа истакнува Марјан.

Покрај сите овие бројни работни ангажмани Марјан најавува  и бројни концерти ширум Европа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*