Македонските актери од приказните периодов ангажирани со театарски претстави за најмладите

 

И покрај тоа што повеќе не се снимаат македонските народни приказни, сепак македонските актери се во голема мера насочени кон снимање и творење на македонски производ, особено македонската битова драма која ја пренесуваат пред помладата публика. Како што истакнува антерот Љупчо Бојковски, многу подобро е пред помладите да се предочи македонската битова драма отколку странската шекспирова литература.

-Што ќе гледа публиката во поглед на модерна драма ако не си ги знае корењата. Тогаш нема да знае да ја гледа, истакнува Љупчо.

Љупчо не го крие задовоството од тоа какво е чувството кога се игра пред најмладите.

-Нам ни претставува тоа голема чест кога играме пред најмладите. Лесно е да одиграш во МНТ или Драмски театар некоја претстава но поентата е да се одигра и на патос кој што крцка, , покрај ќумбе кое што чади и пред петнаест дечиња, вели Љупчо.

Токму во овој период македонските ликови кои се познати од приказните го работат тоа, театарските претстави за деца низ кои патуваат ширум сите краеви на нашата Македонија и со преголем жар го пренесуваат ликот и делото кое го претставуваат пред најмладата публика.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*