Македонската естрада со сочувство до семејствата на загинатите во страшната сообраќајна несреќа

Веста за тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи на автопатот Скопје-Тетово предизвика реакции од бројни познати личности кои го изразија своето сочувство преку социјалните мрежи.

Сочувство на социјалните мрежи изразија и дел од фолкерите од македонската естрада, Елена Велевска на својот фејсбук профил напиша:

Жалам…знам дека никакви зборови не можат да донесат утеха.
Сочувство до семејствата на настраданите и повредените во вчерашната трагедија…

Тажен ден за Македонија.

Во статус со кој ги откажуваат сите најавени настапи на фејсбук профилот се оглси и фолкерката Стојне Николова, притоа изразувајќи големо сочувство до семејствата на загинатите.

Можеби како најпогоден од целата ситуација е сакасафонистото од Гостивар Дејан Грујевски кој на својот статус на социјалните мрежи напиша:

Сочувство до семејствата на несреќно загинатите. Навистина жално млади животи , прекрасни луѓе. Никогаш  да не се повтори ова. Сите сме ние од крв и месо и ова сите не боли. Луѓе почитувајте се, сакајте се, животот е краток. Сакајте го човекот без разлика на вера, нација , јазик. Сите во еден век сме да го изживееме во мир , слога, сплотеност. Сакајте го ближниот свој, соседот, другарот, познаникот, тоа е вредноста на разумот и човечноста во себе покажете ја душата со добри и хумани дела. Ништо не е повредно од човечкиот живот.

“Неизмерна болка и тага чувствувам за изгубените животи во денешната тешка сообраќајна несреќа. Посакувам од срце брзо закрепнување на повредените. Моето сочувство до семејствата на починатите”, напиша пејачката Тамара Тодевска.

“Тажно, тажно…претажно… Сочувство до семејствата!!!”, порача Елена Ристеска.

Помеѓу познатите кои изразија сочувство е и Каролина Гочева:

Вечерва сме сите во мислите со семејствата на настраданите и повредените во денешната трагедија.
Многу, многу тажен ден за Македонија. Примете искрено сочувство. 🙏

“Нека им е светол патот…нека почиваат во мир. Сочувство на семејствата на загинатите во оваа огромна трагедија”, напиша Лила Филиповска.

Исто така откажани се и бројните закажани концети на повеќето музички ѕвезди кои беа предвидени за овој период, со оглед на тоа што 14 и 15 -ти февруари се денови на жалост во Македонија.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*