Рита Ора била во врска со Бруклин Бекам, а сега се допишува и со неговиот татко Дејвид

Дејвид (43) и Викторија Бекам (44) повторно се најдоа во центарот на вниманието на јавноста. Се шпекулира дека познатата двојка се разведува, а причината е британската пејачка Рита Ора (28).

Бекамови оваа година прославуваат 20-годишнина од бракот, а како што известува „Клозер“, Викторија дозна дека Дејвид се вљубил во 15 години помладата пејачка.

Рита до неодамна се забавуваше со најстариот син на познатата двојка, Бруклин Бекам (19). Тие разменуваа романтични пораки кога тој имаше 18 години, а сега, наводно, со неа почнал да се допишува и таткото Бекам. Од друга страна, Рита тврди дека исклучително ја почитува брачната двојка Бекам и дека такво нешто никогаш не би си дозволила.

Викторија е бесна поради целата афера и фактот дека нејзиниот брак е повторно на насловните страници на светските медиуми.

Викторија и Бекам имаат четири деца, синовите Бруклин, Ромео, Круз и ќерката Харпер, и неколкупати се шпекулираше за нивниот развод.

Вики веќе му ја прости аферата на сопругот во 2003 година со помошничката Ребека Лос.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*