Анета наскоро ќе снима спот за “Моминска молитва”

Please follow and like us:

По видео записот кој го снимаше за нејзиниот голем хит “Тешко на предавниците”, фоклерката Анета

Наковска веќе на повидок има нова песна за која што планира да сними и видео запис. Впрочем како што и самата истакнува нема застанување туку само постојано снимање нови песни и постојана работа.

-Следно ќе правиме видео запис за песната со наслов “Моминска молитва”. Тоа е една прекрасна игрива, весела песна. Буквално те крева песната, те тера да играш и да не ти се игра ќе те натера да заиграш. И таа песна заслужува еден добар спот, вели Анета.

Изминатиот период  Анета бележеше бројни настапи особено надвор од нашата земја, како Германија, Италија. А како следно најавува дека ќе замине во Америка .

-И таму имам некоја свирка и на Флорида малку одмарање, сончање, тоа се плановите, додава Анета.

По ваквиот одмор кој го најавува Анета, таа предвидува да се врати максимално со полни батерии по што уште поактивно ќе се посвети на се поголемите настапи коои ги има за периодов кој следува, а секако ќе твори и нови македонски песни.

 

Please follow and like us:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*