Целиот негов живот е посветен на музиката и живее со музиката

Својата преголема љубов кон музиката ја работи со преголема желба и многу вложен труд.

Саксафонистот Дејан Грујевски не го крие фактот што музиката е целиот негов свет и покрај тоа што е дипломиран политиколог по професија. Сепак наследните гени си го направиле своето и Дејан љубовта кон музиката ја наследил од својот татко кој исто така е музичар.

-Со музика се занимавам повеќе од дваесеттина години. Можам да кажам дека скоро и целиот живот е посветен на музиката, на мојата кариера како музичар во членување во повеќе бендови. Во сплет на околности и со повеќе музики надвор од државата, од Србија , од Албанија, така да работам доста и со албанската музика, со албански оркестри, колеги. За мене музиката нема граници. Тоа е свет на бескрајноста, значи не постојат граници во музиката. Она што до каде таа може да стигне. Секогаш музиката излегува од душата од луѓе за луѓе, истакнува Дејан.

Дејан ја почитува секоја музика а додава и тоа дека свири се она што е барано но и за него добро прифатливо.

-Во секоја смисла на музиката сум подготвен да одговорам на предизвикот. Мислам дека со добра соработка и добри колеги, со добри музичари , сакам едноставно да уживам во светот на музиката. Тоа е широко поле, како музиката така и музичкиот свет на самото дружење и музицирање. Секако дека би тежнеел кон една убава музичка кариера,истакнува Дејан.

Минатата година Дејан сними видео запис за неговото ново инструментално дело “Модерна фантазија” во сроабтока со ИН продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*