ЏОН ЛЕЏЕНД НЕ ЗНАЕ ДА ПЛИВА

Пејачот Џон Леџенд откри дека не знае да плива иако има 40 години. Веста пејачот ја сподели со своите следбеници на „Твитер“.

„Не знам да пливам. Последниот пат кога учев да пливам имав пет години. Денес повторно почнав да одам на курс за пливање. Татко ми научи да плива на 60-годишна возраст, така што имам време“, напиша Леџенд.

Неговата сопруга Криси објави видео од неговиот прв час по пливање и напиша дека се гордее со него. Џон и Криси се во брак од 2013 година. Нивните обожаватели често ги фалат бидејќи не ја искривуваат реалноста и се прикажуваат онакви какви што се. Тие им признаваат на обожавателите кога се скарани, Криси зборуваше за постпородилната депресија и отворено кажуваше колку ѝ е мака да ослабе по бременоста.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*