Фантастик бенд го промовираа нивното првенче “Дари ми љубов”

“Дари ми љубов” е прва авторска песна на Фантастик бенд. Песната има доста интересен, весел ритам, а од бендот се надеваат дека ќе им се допадне на гледачите.

Момците од Фантастик бенд ја промовираа нивната прва авторска песна која носи наслов “Дари ми љубов”. Песната за прпвпат беше изведена на Новогодишното шоу кое што го организираше сателитската ИН ТВ.

-“Дари ми љубов одлучивме сите заедно да ја снимиме. Текстот е на наш колега од Гостивар Драган Матески, музиката ја изработи Душко Наумоски, истотака наш колега, а аранжманот е на Јован Василевски од Тетово. Тоа ни е првенче, па се надеваме и дај Боже да биде прифатена. Овојпат гледавме песната да биде поопуштена и културна песна.-истакна Драган Николовски, тапанар.

Тие пред извесно време снимија видео проект кој се состои од прекрасен нивни избор на македонски народни песни, каде што се вметнати и традиционалните инструменти.

-Годинава за првпат соработуваме со ИН Продукција. Инаку, овој проект се состои од осум кавери. Сите се народни, македонски убави песни. Проектот сакавме да го снимиме на тој начин, со тоа што тука се вметнати и сите традиционални инструменти кои што си ги почитуваме и негуваме. Ете и јас сум облечен во убава традиционална македонска носија.-вели Драган, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Инаку, Фантастик бенд се состои од шест млади, но доста искусни музичари кои најповеќе ја негуваат македонската народна песна. Периодов тие се презафатени со ангажмани најчесто на фамилијарните прослави.

Во продолжение уживајте во нивната изведба на песната “Дари ми љубов” !!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*