Најомилен кај младата публика а најпознат по песната “До сто и една”

Постојани работни ангажмани као што впрочем и ја започна оваа година со настапи надвор од неа, така го

продолжува и овој работен период. Познатиот и реномиран пејач кој доаѓа од Ресен Ташко Каранфиловски, покрај тоа што е чест посетител пред нашинците во Шведска, периодов имаше прилика и покана да отиде и настапи во далечната прекуокеанска Австралија, но сепак нема да оди, ќе почека некоја следна прилика.

-Требаше да пеам на свадба кај Пеце Георгиевски, многу му се заблагодарувам. Тоа е сега на трети февруари, а на 10-ти февруари требаше да имам концерт во Сиднеј. Меѓутоа, ништо од тоа. се надевам дека ќе имаме можност во наредна прилика да бидеме таму, да се дружиме со нашинците , но сепак продолжуваме понатаму, вели Ташко.

Инаку Ташко е веќе многу добро познат кај својата публика како и своите сограѓани ресенчани, каде ужива посебен углед. Посебно за истакнување е тоа што е омилен и кај најмладата публика, која го препознаваат на улица и пројавуваат фотографирање со него. Ташко најпознат стана по песната “До сто и една ” која можеме да кажеме дека претставува негова лична карта и ниеден негов настап не поминува без таа песна.

-Па најповеќе можам да издвојам “До сто и една” која навистина ме воздигна. Таа е една песна која е прекрасна , меѓутоа ете и луѓето веќе почнаа да ме препознаваат и малите дечиња кога шетаме викаат, ете овој што ја пее “Сто и една”. Навистина ми е драго многу и покрај таа “Не тагувај лично моме”, па еве сега “Дојди ми Љубице” достигна доста позитивност кај луѓето, истакнува Ташко.

Во периодов кој следува Ташко најавува снимање и на нови песни како и видео записи, а секако како поглавна преокупација ќе му бидат веќе отпочнатите подготовки за неговата голема свадба која ќе биде во месец мај.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*