Масимо Савиќ ја покажа неговата сопруга

Масимо Савиќ е еден од оние јавни личности кои го задржуваат својот приватен живот за себе и на тој начин никогаш не дава повод да се најде на страниците од жолтиот печат.

Затоа многумина дури и не знаат како изгледа сопругата на пејачот, Ени, со која е во брак уште од 1992 година. Таа се појави  на церемонијата на доделувањето на музички награди во Белград, за да го поддржи нејзиниот сакан Масимо.

Тој пред медиумите и ја бакна раката на Ени, а покажаа и дека се одлична модна двојка која умее минимализмот да го направи да изгледа моќно и впечатливо.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*