Дакапо бенд во преговори за турнеи надвор од Македонија

При нивното гостување во ИН Продукција, Дакапо бенд ни открија дека се во преговори за турнеја надвор од земјава. Тие се надеваат дека конечно ќе се оствари нивната желба за патување во подалечните земји.

Младата и талентирана пејачка Мими Јовановска со доста импресии од настапите во Шведска. Таа за дочекот на Нова година имаше можност да се претстави пред тамошните македонци.

-Да, за новогодишните празници бев во Шведска и имав три настапи таму. Настапив во некои локали, а покрај тоа што бев работно имав време и да се прошетам. Бев во Данска. А најголем впечаток ми остави Копенхаген.-истакна Мими.

Со оглед на тоа што на забавите имало голем број македонци, Мими вели дека се чувствувала како да е дома во Македонија. За разлика од неа, момците од Дакапо бенд досега не настапиле надвор од земјава, но веќе имаат неколку преговори за кои се надеваат дека ќе се остварат во скоро време.

-Баш би сакале, во идниот период би сакале да настапиме надвор од Македонија. Има некои преговори, се надеваме дека ќе се договориме и дека ќе одбележиме некој наш настап надвор од државата, се стремиме кон тоа.-вели Горан.

Покрај најавите за турнеи надвор од земјава, Дакапо бенд имаат голем број настапи на семејни веселби. Тие велат дека агендата со ангажмани полека се исполнува, а радува фактот што нивните настапи се прошируваат насекаде низ земјава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*