Во месец март, Анета и Молика ќе патуваат за Швајцарија и Германија

Анета и група Молика во месец март заминуваат на кратка турнеја во Швајцарија и Германија. Покрај големиот број ангажмани во земјава, тие подготвуваат и две нови песни.

Анета и група Молика важат за едни од најангажираните групи од македонската естрада, како во нашата земја, така и надвор од неа. За нив нема одмор. Веднаш по враќањето од Австралиската турнеја, која траеше два месеци, уште истиот ден кога стапнаа во Македонија започнаа ангажманите. Анета при гостувањето во ИН Продукција најави и неколку кратки турнеи во месец март.

-Откако се вративме од Австралија работата за нас започна уште истиот ден. Слеговме од авион и вечерта имавме настап. Сега се спремаме за Швајцарија и  Германија во март месец и нормално како и изминатите години тука се фамилијарните прослави, свадби крштевки итн.-истакна Анета.

Настапите во Швајцарија и Германија ќе се спојат како едно патување од околу десетина дена, а концертите ќе бидат за викенд. Тие се презадоволни од ангажманите во минатата година, бидејќи 2017-та беше исполнета со голем број турнеи и настапи за нив.

-Доста настапи, доста турнеи, како во прекуокенските земји, ете ја спомнавме турнејата во Австралија, бевме Америка и низ европските земји. Имавме доста настапи и низ Македонија така да доста работно помина минатата година.-додаде фолкерката.

Анета и група Молика во моментов работат на нов материјал, односно подготвуваат две нови песни кои ќе излезат за скоро време.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*