Татијана Стефановска презадоволна од спотот за баладата “Си одам”

Фолк пејачката Татијана Стефановска гостуваше во емисијата “Промо” каде ги сподели импресиите од нејзиниот најнов спот со наслов “Си одам”. Таа добила доста позитивни коментари за спотот кој се снимаше на повеќе локации во Битола, а во соработка со ИН продукција.

Татијана Стефановска презадоволна од нејзиниот нов спот за прекрасната балада “Си одам”. Таа при гостувањето во емисијата “Промо” ни откри дека добила и доста позитивни коментари од нејзините блиски луѓе и соработници, како за песната, така и за спотот.

-Многу позитивни коментари добив, пред се беа изненадени од песната, а потоа и од спотот истовремено затоа што песната ми беше снимена веќе подолго време, не ја постирав со цел да се појави како комплетен производ  со спот којшто одлично се изработи и се залепи многу убаво со песната, во еден убав амбиент, па затоа беа изненадени и од песната и од квалитетот на спотот.-истакна Татијана.

Спотот се снимаше на повеќе локации во Битола, а беа претставени и убавините на планината Пелистер.

-Денот беше незаборавен, многу убаво си поминавме со екипата на ИН ТВ и многу интересно. Едно необично снимање на Пелистер на сред стаза за скијање, многу беше убаво. Имаше снимање со дрон, се обидувавме да ги избегнеме скијачите, меѓутоа тоа беше многу тешко затоа што имаше наврнато доволно снег и имаше многу луѓе, но одбравме инсерти кои ги прикажаа убавините на Пелистер.-додаде пејачката.

Покрај на Пелистер, снимањето се одвиваше на Широк сокак во кафе бар “Симбол” и кафе ресторан “Бела куќа”, а во спотот се појавува и боксерот Алек-Аки Петровски.

Во продолжение погледнете го нејзиниот најнов спот !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*