Младата Ангела и група Модерато со прекрасен настап на “Гоце фест”

Младата пејачка Ангела која потекнува од Македонска каменица, ја освои наградата за најдобар дебитант на овогодинешниот Гоце Фест. Таа беше придружувана од група Модерато, каде воедно член е и нејзиниот татко.

18 годишната Ангела од Македонска Каменица имаше прекрасен настап на овогодинешното издание на Гоце фест, каде заедно со група Модерато ја освоија наградата за најдобар дебитант на фестивалот. Со оглед на тоа што за првпат се појавува на овој фестивал, Ангела беше презадоволна од настапот.

-Настапував со група Модерато, а песната се вика Мојто родно село Мокрино. Музиката е на Никола Фериев, текстот на Горан Костадиноски, а за аранжманот се погрижи Ристо Краповски. Првпат настапувам, чувството е прекрасно, а настапот беше супер, многу добро.-истакна младата пејачка.

Нивната песна со наслов “Мојто родно село Мокрино” ја доби и наградата за најдобар текст.

Ангела е релативно млада, но доста успешна. Како што ни откри, нејзиниот талент е наследен, бидејќи потекнува од музичка фамилија.

-Со пеење започнав пред 2 години, мојата фамилија е музичка фамилија, мојот татко е исто во Модерато и свири на кларинет, дедоми е истотака музичар, музичка фамилија, па и јас да ја продолжам традицијата.-додаде таа.

Модерато и Ангела не застануваат тука. Тие веќе подготвуваат нови песни со кои планираат да настапат на уште неколку фестивали. Покрај фестивалските настапи, имаат и бројни настапи на семејни веселби низ земјава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*